Од место за оргии, до црква: Куќата на легендарниот Мајк Тајсон

Ова е всушност спектакуларна вила што ја напушти Мајк Тајсон кога неговата славна кариера заврши неславно…

Поранешниот професионален боксер, кој беше осуден за силување во 1992 година, немаше друг избор освен да го продаде својот имот и да ги плати долговите. Оттогаш, импозантната вила во Охајо е претворена во црква, ни помалку ни повеќе. 

Самопрогласениот „најопасен човек на планетата“ порано овој имот го нарекуваше свој дом, во него правеше оргии и страстни забави, но тој мораше да го продаде во 1999 година, кога од финансиска гледна точка, работите навистина тргнаа наопаку.

Луксузната вила потоа беше претворена во црквата The Living Word Sanctuary, а пасторот Николас Де Хасимо рече дека имотот е недопрен повеќе од една деценија и дека тревата на имотот пораснала толку многу што може да се продава како сено.

Поранешниот базен е претворен во светилиште, додека дневната соба стана место за собирање верници. 

Од оригиналниот имот, само кошаркарското игралиште остана на место. Стариот камин е претворен во водопад во внатрешноста, додека поранешната гаража сега е простор окупиран од училници.

Високите челични кафези во кои Тајсон ги чуваше своите четири тигри беа демонтирани а на нивно место сега има павилјон. 

Мора да признаеме дека овој имот е сè уште има навистина импресивна глетка, и покрај уништената состојба и внатрешноста што се сруши, откако боксерот го продаде по цена од скоро милион долари. 

Во времето кога вилата беше во негова сопственост, таа имаше пет спални соби, прекрасен базен и џакузи покрај кафезот со тигри, со бројни лустери украсени со кристали.