Од мултимилијардер, до губење на милијардите: Колку сега се проценува нето вредноста на Канје Вест?
Канје Вест е американски продуцент, рапер, моден дизајнер и претприемач.
Денес е еден од најуспешните и најнаградувани музичари на планетата со 24 Греми победи од 75 номинации.
Канје стекна широка слава по објавувањето на неговиот албум „The College Dropout“ во 2004 година.. Во последниве години тој се оддалечи од музиката кон светот на бизнисот, заработувајќи најмалку 100 милиони долари годишно од неговите различни потфати. Огромното мнозинство од неговата заработка доаѓа од авторски права и други приходи поврзани со неговиот бренд Yeezy и партнерството со Адидас. Но, неговите отворени ставови и контроверзии го чинеа многу спонзори и партнерства во последните неколку години.
Канје е сопственик на линијата за облека Yeezy целосно 100%. За време на неговото партнерство со Адидас, тој заработил хонорар на секој генериран долар приход. Брендот Yeezy генерирал 2 милијарди долари годишно приход и 250 милиони долари профит за Адидас. На врвот на неговото партнерство со Адидас, брендот Yeezy се проценува дека сам вредел 4-5 милијарди долари.
Во март 2021 година, проценката на UBS процени дека Yeezy додава 3-4 милијарди долари на нето вредноста на Канје. Во истиот извештај се проценува дека поранешниот договор на Канје со The Gap претходно додал 1 милијарда долари на нето вредноста на Вест.
Но, направи многу погрешни чекори кои го чинеа милијарди. Еден таков е разводот со Ким Кардашијан и контроверзите со неговата сегашна сопруга Бјанка. башка што се кандидираше за претседател на САД и што откри дека има биполарно растројство. Сега неговата нето вредност според Celebrity Net Worth се проценува од 400 милиони долари. Кога Канје беше мултимилијардер, тој беше еден од тројцата најбогати црнци со самостојно стекнато богатство во историјата на САД.