Од Пеле до Меси- имиња да се смрзнете! Вистинскиот Роналдо направи состав од ИДЕАЛНИТЕ 11 во историјата на фудбалот! СТРАШЕН ТИМ!

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио да Лима Роналдо го избра најдобриот тим во историјата на фудбалот.

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња во идеалните 11 се вклучи и себеси.

Роналдо на голот ја стави легендата на Јувентус Џанлуиџи Буфон, неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата - Кафу и Роберто Карлос на бековските позиции, а стоперската двојка ја сочинуваат Паоло Малдини и Фабио Канаваро, пренесува Курир.

Во крајно офанзивна формација популарниот Зуба ги вклучи Зинедин Зидан, Диего Марадона, Пеле, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и самиот себе во средниот ред и нападот.