Од последните зборови на Аркан застанува грутка во грлото: Само 5 мин. пред смртниот час, на Шиптар си ја отвори душата и ја испушти
Кога ги кажал последните зборови, не можел ни да сонува што го чека 5 минути подоцна
По 17 години, Љубомир Михајловиќ, попознат како Љуба Шиптар, проговори за последната средба со Жељко Ражнатовиќ Аркан, командантот на српските доброволци, само неколку минути пред ликвидацијата во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград и откри што Аркан му рече пред смртта.
- На денот кога почина отидов на базен во „Интерконтинентал“. Аркан седеше во сепарето и ме покани да дојдам. Ми рече: „Денес сум најсреќниот човек, никому ништо не должам. Му должев нешто на Манда. Манда кажи му на Михајловиќ дали вчера ти вратив. Отсега ќе му се посветам на Обилиќ. Тој на шега викна пред пријателите- да живееме добро ако продаваме барем еден фудбалер за 100.000 марки годишно, тоа ќе биде доволно и за нас и за децата“, се присетува Михајловиќ.
Тогаш е направена познатата фотографија, меѓу другите и Ражнатовиќ и Михајловиќ, а Аркан е убиен само пет минути откако Михајловиќ отишол на базен.
Да потсетиме, Ражнатовиќ беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ на 15 јануари 2000 година.
Тој беше погребан на 20 јануари на Новите гробишта во Белград.
Како Аркан го добил прекарот?
Иако на сите им е познат како Аркан, тоа не му бил прв прекар. Според локалните медиуми, во младоста го нарекувалесосема поинаку. Имено, порано се зборуваше дека неговиот прекар првично бил Хибрид.
Инаку, постојат две верзии за тоа како Жељко го добил прекарот Аркан:
Според првиот, за кој еднаш раскажал и самиот Ражнатовиќ, Аркан е добронамерниот волшебник Арканус од стриповите што ги обожавал како момче. Друга приказна е дека еден од лажните пасоши со кои како малолетник ја преминал Италија го имало името на Турчин Аркан.
Некогаш неговата мајка, пак, тврдеше дека прекарот Аркан го донел од странство, а тој збор значи непобедлив на неколку јазици од стариот свет.
Stil/Pink.rs