Од секс афера, до оргии и педофилство: Дали Бил Клинтон е вмешан во нов скандал?

Подолго време светските медиуми шпекулираа дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон е педофилски настроен. Но, што е уште поинтересно, и неговата сопруга Хилари Клинтон ја поврзуваа со слично нешто. Сепак, гласините не останаа само гласини. Неодмна, токму од Бил се појавија скандалозни фотографии, а кои наводно ги потврдува извештајот на "Daily Beast.

Се вели дека Бил Клинтон, бил на интимна вечера со Гислејн Максвел во 2014-та година - откако била обвинета дека регрутирала девојки за педофилот Џефри Епштајн.

Клинтон бил со група пријатели на вечера во Лос Анџелес, вклучувајќи ја и наводната Гислејн и нејзиниот сопруг. Меѓу гостите биле и актерот Шон Пен, стои во извештајот.

Максвел моментално се наоѓа во затвор во Бруклин поради сомнение дека подведувала малолетнички за Епштајн.

"Daily Beast" пак пишува дека не е јасно зошто Максвел била на вечерата, но изворите тврдат дека била блиска со поранешниот претседател и неговата ќерка Челси.

Максвел наводно повеќе пати била и гостин во домот на Клинтон.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, врската Клинтон-Максвел оди многу подалеку од таа вечера.

Александар Џарси, син на Изабел, сестрата на Максвел, работел како шеф на персоналот во Бирото за блискоисточни работи од мај 2011-та до јуни 2012-та година, додека Хилари Клинтон била државна секретарка.

Тој првата работа ја добил веднаш по колеџ, а некои медиуми пренесуваат дека имал специјален третман кај Клинтонови.

На фотографија од 2002-ра година, прикажан бил Клинтон како се смешка додека тогаш 22-годишната Шонтеј Дејвис му ги масира рамената. Таа наводно била ангажирана од Максвел.

И покрај фотографија, Дејвис, која тврди дека Епстајн ја силувал повеќе пати, вели дека нејзиното искуство со Клинтон е позитивно и дека бил "вистински џентлмен".

На уште една фотографија објавена на почетокот на оваа година, се гледа како Клинтон и Максвел стојат на вратата на авионот на Епстајн, "Лолита Експрес".

Канцеларијата на Клинтон негира дека поранешниот претседател знае за било кои сомнителни делувања додека бил пријател со Епстајн и Максвел.

Исто така, негира дека некогаш одел на островот на Епстајн, познат како Островот на педофилите.

Фото: Mega