Од сирак од Сибир до милијардер: Дали Роман Абрамович се збогатил благодарение на својот пријател - Путин? (ФОТО)

Рускиот олигарх Роман Абрамович стана милијардер по распадот на СССР, благодарение на профитабилните познанства и политичките врски.

Роман Абрамович, рускиoт милијардер и до неодамна сопственикoт на фудбалскиот клуб Челзи, е пријател на Владимир Путин, а пред неколку дена тој беше протеран од Велика Британија. Имено, еден од 35-те руски олигарси кои ги споменува рускиот лидер Алексеј Навални како главни иницијатори на клептократијата на Путин.

Во изминатите 20 години, Абрамович беше вовлечен во судски процеси кои се движат од уцена и поткуп до кредитна измама.

До неодамна живееше луксузно, но затскриено - во своите вили или суперјахти. Неговото богатство се проценува на 8,4 милијарди фунти.

Тој исто така најде време да создаде големо семејство, со две од трите негови поранешни сопруги има седум деца. Неговата 27-годишната ќерка Софија, пред неколку дена на социјалните мрежи објави порака против пријателот на нејзиниот татко, Путин. 


„Најголемата и најуспешната лага на пропагандата на Кремљ е дека повеќето Руси стојат покрај Путин“, напиша таа на Инстаграм, со знак на кој рускиот претседател е прецртан.

Во текот на викендот Абрамович откри дека повеќе не е сопственик на Челзи и дека по 20 години го предал клубот на поверениците на клупското здружение. 

Се занимаваше и со политика

Рускиот олигарх е роден како сиромашен сирак во Саратов во југозападна Русија. Од четиригодишна возраст, тој бил одгледан од неговите баба и дедо во Сибир. По напуштањето на два факултети, тој почнал да продава пластични кукли на пазарот, а неговиот прв чекор кон сериозно збогатување започнало за време на перестројката, кога СССР почна да се распаѓа. Имено, измените го намалија притисокот на режимот врз фирмите, па олигарсите можеа да легализираат и купуваат државни фирми.

Абрамович беше уапсен во 1992 година бидејќи користел лажни документи за набавка на 55 дизел цистерни, но обвиненијата против него набрзо биле отфрлени.

Неговото богатство дополнително се зголемило кога се спријателил со Борис Березовски, кој ја водел фабриката за автомобили Лада и бил близок пријател на тогашниот претседател Борис Елцин. По распадот на СССР, тој ги заработил првите милијарди со купување на нафтената компанија Сибнефт. Со Березовски ја купи компанијата за 100 милиони фунти, а нејзината вредност беше проценета на 600 милиони фунти. Така изградил основа за акумулирање на остатокот од своето богатство, а само со продажбата на Сибнефт заработил 1,8 милијарди фунти. 

Абрамович се занимавал и со политика. Имено, тој во 2000 година стана гувернер на далечниот источен регион Чукотка, освојувајќи дури 92 отсто од гласовите и вложувајќи 180 милиони фунти во кампањата.

Тој го купи британскиот фудбалски клуб Челзи пред 19 години и вложи незамисливи суми пари за да го развие. Тој го трансформираше тимот во гигант од Премиер лигата.

И покрај тоа што е многу мистериозен и претпочита да живее далеку од рефлекторите, милијардерот води луксузен живот во кој не му недостасуваат суперјахти и приватни авиони.

Често е познато дека летото се закотвува на хрватското крајбрежје со своите пловни објекти. Неговата суперјахта Eclipse е најголемата и најскапата мегајахта во светот. Долг е 170 метри, има дури 70 членови на екипажот, 15 соби, три хелиодроми, диско клуб, два базени, велнес центар и противракетен штит.


Фото: youtube - screenshoot - Alux.com