Од замок до бункер во кој се чувале милијарди: Град „заробен“ во минатото, неоткриен од туристите

Тропањето на бавниот чекор по тротоарот и глетката што застанува на средновековните фасади - дали се овие места во кои уживате?

Во долината на реката Мозел, во југозападна Германија, постои еден таков град - Кохем. На панорамата доминира замокот изграден во средниот век под кој се спуштаат градот и полињата со лозје.

До лозјата може да се стигне кога, по прошетката по реката Мозел и живите куќи распослани покрај брегот, ќе го поминете мостот Скагерек. Исто така, можете да се качите на еден од чамците што крстарат по реката. 

Она што не треба да се пропушти е разгледување на историскиот центар на Кохем, каде што се наоѓаат најважните градски знаменитости.

Во историското јадро на Кохем доминира градското собрание од 1739 година, изградено во барокен стил. Потоа, тука се многу добро сочуваните градски ѕидини, кои во минатото го штителе Кохем од несакани посетители, пишува на веб-страницата Around the World. 

Од поранешните четири градски порти, зачувани се три, кои со текот на времето се споиле во понови градби. Најголемата порта е Ендертор, изградена во 1332 година, како премин кон градот низ зграда која имала функција на затвор во средниот век. 

Јужната порта наречена Мартинстор е изградена во 1352 година, а денес е преминот низ кој патот води до најпрепознатливиот белег - замокот Кохем. Името на овој неоготски царски замок првпат се споменува во 1130 година. Целосно бил уништен од Французите во 16 век, за да биде повторно изграден три века подоцна, во 1868 година.


Кохем има што да им понуди на љубителите на поновата историја, пред се бункерот на германската Бундесбанка. Имено, оваа банка за време на Студената војна, од страв да не остане без пари, изградила систем на бункери со големина од 1.500 метри квадратни, со ходници долги 300 метри.

Во тоа време бункерот чувал 15 милијарди германски марки, а во случај на војна, дури 100 луѓе би можеле да преживеат две недели во тајни простории.


Фото: Инстаграм/ SHUTTERSTOCK