Откако видеата зедоа се поголем замав на социјалните мрежи, можеме да видиме се и сешто. Па така и ова видео.
Двајца продавачи на билети во Индија стојат на платформата и разговараат кога меѓу нив падна жица под напон, онесвестувајќи еден од работниците, а неговото тело падна на шините, пишува Дејли мејл.
Другиот работник во железница исто така бил погоден од струен удар, но избегал неповреден.
Коментарите на социјалните мрежи велат дека второто лице поминало подобро поради гумените ѓонови на патиките, додека мажот кој поминал со изгореници и бил неколку недели во болница носел кожени чевли.