Одржлив град каде владее хармонија и единство: Ауровил на југот на Индија многумина го сметаат за идеално место за живеење

Секој што има идеалистички идеи треба да го посети „Градот на зората“ - чија цел е да се постигне единство и да се надминат сите поделби во општеството.

Во државата Тамил Наду, на југот на Индија, постои експериментален град-држава наречена Ауровил. Она што го прави посебен е животот посветен на одржливо живеење, мир, хармонија и духовност од 1968 година, кога е основана од Мира Алфеса. Денес популарно нарекувана и „Мајка“, чија порака гласи:

„Ауровил сака да биде универзален град во кој мажите и жените од сите земји ќе можат да живеат во мир и прогресивна хармонија, пред сите религии, сите политики и сите националности. Целта на Ауровил е да го реализира човечкото единство“.


Потрагата по совршенство

150 километри јужно од градот Ченаи и 10 километри северно од Пондичери, се наоѓа Ауровил. Со површина од само 20 квадратни километри, пред 50 години е создаден град од пустелија, кој денес претставува прекрасно и пријатно место, исполнето со два милиони дрвја засадени од неговите жители.

Интересно е што ги има 3.000 и никој од жителите не користи пари или автомобили. Наместо тоа, тие одгледуваат овошје и зеленчук, самите произведуваат поголем дел од прехранбените производи, што го прави самоодржлив и независен. Со други зборови, градот беше основан како одговор на сеприсутните поделби во општеството.

На самиот влез во Ауровил се наоѓа Центарот за посетители каде што можете да ги добиете сите потребни информации за овој град. Во него може да се гледаат кратки филмови или изложби, а може да се купат и локални производи. Доколку сакате малку подобро да го запознаете целиот концепт на ова место, можете да изнајмите еден од велосипедите и да одите на обиколка на најголемите знаменитости.

Матримандир -Кој се наоѓа во самиот центар на овој специфичен град -  златна сфера која изгледа како топче за голф. Опкружен со градини и прошаран со долги патеки кои водат од Центарот за посетители до неговиот влез. За Алфаса, оваа зграда е симбол на божествениот одговор на човековата потрага по совршенство. А секој што сака да го посети може тоа да го направи доколку резервира билети ден однапред.