Оглас за работа на гробишта: „Бараме комуникативна личност...“ (ФОТО)

Огласот изненади многумина

На сајтот „ЈКП Горњи Милановац“ пред извесно време појави оглас за вработување кој предизвика вистинска лавина од реакции. Огласот на прв поглед изгледа сосема нормално, додека не стигнете до делот каде што пишува дека се бара „комуникативна“ личност, а околината е „позитивна“, а огласот бил за работник кој би работел на „ гробишта“.

Огласот набрзо почна да се шири на мрежите, а коментарите постојано доаѓаа. „Да, на гробиштата има многу весели, позитивни, насмеани и зборливи луѓе“, „Работиме во позитивна средина?! На гробишта?“ итн.


Фото: Твитер/unsplash

Извор: б92.нет