Забава // Занимливости
Оглас за работа на гробишта во Србија стана хит на мрежите: „Бараме комуникативна личност...“ (ФОТО)
- 30 Јуни, 2023
Огласот изненади многумина
На сајтот „ЈКП Горњи Милановац“ се појави оглас за вработување кој предизвика вистинска лавина од реакции. Огласот на прв поглед изгледа сосема нормално, додека не стигнете до делот каде што пишува дека се бара „комуникативна“ личност, а околината е „позитивна“, а огласот бил за работник кој би работел на „ гробишта“.
Огласот набрзо почна да се шири на мрежите, а коментарите постојано доаѓаа. „Да, на гробиштата има многу весели, позитивни, насмеани и зборливи луѓе“, „Работиме во позитивна средина?! На гробишта?“ итн.
Фото: Твитер/unsplash
Извор: б92.нет