Охриѓанецот кој го маѓепса светот со својата виолина го отсвире хитот на „ДНК“ и прати поддршка за Кочани ВИДЕО

„Длабоко сум тажен поради трагичната загуба на 59 животи во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, Македонија. Моето искрено сочувство до семејствата и најблиските. Не можам да ја замислам болката низ која поминувате, а вие сте во моите мисли во овој неверојатно тежок период.
На оние кои сè уште се борат за своите животи, мислам на вас и ви посакувам сила додека се борите низ ова. Се надевам дека брзо ќе заздравите и знајте дека не сте сами. Ви ја испраќам сета моја љубов и поддршка“, гласи статусот на Петар Марковски најследениот охриѓанец на Балканот и пошироко.
Петар покрај статусот со неговата виолина ја исвире песната „Кажи ми како без тебе да бидам“ на ДНК која во моментов е најголем хит.Охриѓанецот Петар Маркоски е момчето кое благодарение на својот шарм и виртуозноста на виолина на својот Инстаграм профил брои два милиони следбеници. Можеби ќе се сетите на неговите настапи од времето на „М2 Потрага по ѕвезди“, а можеби пак го препознавате токму по неговите волшебни видеа на Инстаграм
Ако најголемите балкански ѕвезди Здравко Чолиќ кој има 108 илјади следбеници, Дино Мерлин кој има 282 илјади следбеници, Цеца која има 1.1 милион следбеници, Северина која има 1.4 милиони следбеници, Жељко Јоксимовиќ кој има 145 илјади следбеници, Лепа Брена која има 464 илјади следбеници - нашиот Македонец има точно 2 милиони следбеници на Инстаграм.
Уште малку ќе ја стигне и најследената позната личност на Балканот- Јелена Карлеуша која има 2.4 милиони следбеници, а со ваква експанзија веруваме дека ќе стигне и до бројките на најпознатиот хрватски виолончелист Стјепан Хаусер кој прави слични видеа и има 4 милиони следбеници на Инстаграм.