ООН: Арапскиот свет ќе биде епицентарот на разорните ефекти на пандемијата Ковид-19
Бејрут
Економската и социјална комисија на Обединетите нации за Западна Азија (ESCWA) предупреди дека арапските земји можеби ќе бидат најтешко погодени од глобалната пандемија COVID-19, јавува Anadolu Agency (AA).
„Арапскиот регион ќе биде епицентарот на погубните ефекти на пандемијата на коронавирусот“, се вели во соопштението на организацијата со седиште во Бејрут.
Истакнувајќи дека странските директни инвестиции во арапскиот свет би можеле да се намалат за 45 проценти, ESCWA тврди дека тоа би можело да биде најголемото намалување на инвестициите досега.
Исто така се тврди дека последиците од пандемијата COVID-19 во контекст на падот на странските инвестиции би можеле да бидат многу пати поголеми од ефектите од кризите што влијаеа на арапскиот свет во 2011 година на почетокот на Арапска пролет.
Една од последиците од пандемијата е рекордните ниски цени на нафтата на пазарот, што може да ги чини арапските земји буџетски дефицити од 20 милијарди долари.
Извршниот секретар на ESCWA, Рола Дашти, ги повика владите на арапските земји да ги поддржат трговските синџири и да ја зачуваат економската активност навремено за да спречат масовни отпуштања на работниците во тој дел од светот.
Таа наведе серија мерки кои можат да им помогнат на арапските влади да ја намалат економската криза, вклучувајќи даночно олеснување, стимулации за работодавците и привремен мораториум за отплата на заемот за правни и физички лица.
„Загубите во трговијата во арапскиот свет би можеле да бидат околу 88 милијарди американски долари, според најоптимистичката прогноза“, рече Дашти.