Опасен „КОРОНА предизвик“ на социјалните мрежи: Младите кашлаат во лице на стари лица
Социјалното вмрежување е често пати распространето со различни предизвици кои понекогаш имаат подлабока порака, како на пример полевање со вода, иако поголемиот дел од времето е едноставно забавно. Меѓутоа, за време на коронавирус пандемија, се појавува нов, опасен по здравјето, „корона предизвик“.
Ова покажува дека, нешто што е забавно за младите луѓе всушност може да предизвика опасни последици.
Некои од овие предизвици вклучуваат голтање апчиња за детергент, фрлање луѓе, предизвикувајќи некои деца да завршат во болница со тешки фрактури.
Сега, среде епидемија на коронарен вирус, некој излегол со „идеја“ дека би било „навистина забавно“ да се кашла во лицата на луѓето на улица, а со овој „предизвик“ беа погодени и постари луѓе.
Таа состојба, се разбира, мора да биде снимена и објавена на социјалните мрежи, а една од жртвите на предизвикот беше неодамна ирскиот министер за здравство, Симон Херис, пренесува Ајриш Тајмс.
Додека одеше по улицата, едно момче и една девојка се приближија кон Херис и се искашлаа по неговото лице. Потоа, смеејќи се, побегнаа.
„Може ли ние како луѓе да забележиме што се случува во Италија и другите земји од ЕУ каде стотици луѓе умираат секојдневно од корнавирус што може да биде смртоносен за одредени луѓе во нашето население“, предупреди Херис на прес-конференцијата во Даблин.
Тој посочи дека тоа што му се случило во никој случај не е игра.
„Луѓето кои го прават ова треба да размислат затоа што некој може да кашла пред лицето на бабите и дедовците, мајките, татковците или пријателите со сериозни здравствени проблеми“, предупреди ирскиот министер за здравство.
Колку е опасно ова, покажуваат и резултатите од неодамнешното истражување во Исланд, во кое се вели дека голем број луѓе кои биле позитивни на коронарен вирус немале никакви симптоми.