Опасен пијалак кој сите го пиеме: Го крева крвниот притисок, го уништува срцето, но создава и депресија
Напитокот кој многумина го земаат како прва помош против замор може сериозно да го загрози здравјето на организмот. Многумина веруваат дека овој пијалок е безопасен, но истражувањата покажуваат дека тој е еден од предизвикувачите на сериозни физички и психички болести.
Енергетските пијалоци содржат големи количини шеќер, 4 пати повеќе кофеин од кафето, витамини, минерали и нехранливи стимуланси. Високото ниво на кофеин и шеќер може сериозно да го подигне крвниот притисок и да го загрози здравјето на срцето.
Истражувањата потврдуваат дека овие пијалоци доведуваат до дебелина, несоница, болки во стомакот, иритација на цревата и сериозно оштетување на бубрезите. Доколку се пијат во големи количини, ја загрозуваат психичката состојба, па доаѓа до агресивност, голема чувствителност на стрес и анксиозност.
Британската агенција за регулирање на храната пропишува помалку од 400 mg кофеин дневно, а само мал енергетски пијалок од 250 ml има 80 mg. Истражувачите истакнуваат дека има доволно докази дека енергетските пијалоци имаат негативно влијание врз здравјето, а родителите треба да обрнат посебно внимание бидејќи овие пијалоци се лесно достапни за децата.
извор:beograd.in