Оптичка илузија од хотелска соба го полуде светот: Сите прво гледаат нешто безобразно на фотката-што гледате вие?

Оптичката илузија ги полуде луѓето, велат дека гледаат нешто грубо, жена што задоволува маж, а вие?

Оптичка илузија на слика која ја пронашол гостин во хотел го полуди интернетот! Многумина признаваат дека имаат „валкани мисли“ откако прво виделе нешто сосема поинакво од она што всушност е на сликата!

Оптичката илузија се наоѓа на известувањето за гостите, наведувајќи дека тие можат да бидат спокојни бидејќи постои опција да платат за сеф во собата и да ги стават сите свои вредни работи во него. Тоа е илустрирано со оваа слика!

Многумина велат дека сликата на прв поглед изгледа како маж кој седи во фотелја додека жена со коса во опав ја потпира главата во неговиот скут, наводно уживајќи . Повеќето луѓе кои оставиле коментари под сликата го гледаат токму тоа!


„Во ред, дефинитивно имам валкан ум“, беше само еден од коментарите. А кога подобро ќе ја погледнете сликата, ќе се изненадите. На сликата има лице кое седи во фотелја и чита книга, а многумина велат дека тоа воопшто не е маж, туку жена бидејќи изгледа како да носи здолниште.

Што видовте прво?