Оралниот секс за малку ќе ја чинеше живот: Сè уште не сте виделе ваква бизарност и нема да ја видите во блиска иднина
Неименувана жена (31) од Шпанија завршила во болница по орален секс со нејзиниот партнер и голтнала негова сперма. Имено, таа е алергична на пеницилин, а нејзиниот партнер земал антибиотик пред секс. Состојките во лекот завршија во неговата сперма и на крајот во нејзиното тело.
По сексот, таа паднала во анафилактичен шок, не можела да дише, повраќала ... Итно била пренесена во болница. Таму и дале доза на адреналин и стероиди за да го врати дишењето во нормала.
Кога се освестила, ги уверила лекарите во Општата болница Универзитари д'Алакант дека не земала пеницилин пред водење љубов. Но, подоцна сфатиле дека нејзиниот партнер зема лек за лекување на инфекција на увото - тој бил на амоксицилин -клавуланска киселина, форма на пеницилин.
Нејзиниот случај беше објавен во Британскиот медицински весник Case Reports и велат дека тоа е првиот евидентиран случај од таков тип. Ги предупредија луѓето кои знаат дека се алергични на пеницилин, да користат кондоми за време на сексот кога еден од партнерите зема лек од тој тип.
- Како клиничари, важно е да знаеме дека такви работи се случуваат со цел да ги информираме луѓето и да спречиме потенцијално сериозни реакции кај чувствителни пациенти. Исто така, препорачуваме употреба на кондоми за време на третманот со лекови кои можат да предизвикаат реакции на преосетливост кај партнерите - рече главната авторка на извештајот, Сузан Алменара.
- Според нашите сознанија, ова е прв пријавен случај на сомневање за анафилакса предизвикана од амоксицилин кај жена по целосен контакт со маж кој го земал лекот. Претпоставуваме дека лекот бил пренесен орално преку неговата сперма - додала таа.
Таа истакна дека имало случаи кога алергиска реакција кај партнер се јавувала после бакнување, но никогаш не слушнале дека се случува после орален секс. Човекот го земал лекот околу четири часа пред сексот. Жената целосно се опорави од алергиската реакција по една недела, пренесува The Sun.
Што се случува во телото?
- Анафилактичката реакција започнува кога алергенот влегува во крвотокот и реагира со антитела на имуноглобулин Е (IgE). Оваа реакција ги стимулира клетките да ослободат хистамин и други супстанции вклучени во имунолошкиот инфламаторен одговор. Ова може да доведе до стеснување на дишните патишта во белите дробови, предизвикувајќи отежнато дишење. крвните садови може да се шират предизвикувајќи пад на крвниот притисок, а sидовите на крвните садови може да испуштат течност што доведува до оток и уртикарија. Работата на срцето може да се наруши, може неправилно да чука и да пумпа крв на несоодветен начин. Шок може да се развие кај луѓето - објасни МСД за Медицинскиот прирачник за пациенти.
Симптомите се појавуваат многу брзо
Симптомите се појавуваат веднаш или скоро секогаш во рок од два часа по изложувањето на алергенот. Постои чувство на непријатност, нервоза, палпитации и прескокнување на отчукувања.
Може да се појави пецкање, чешање, црвена кожа жешка на допир, пулсира во ушите, кашлање, кивање, уртикарија, оток и отежнато дишење поради астма или затворање на душникот со отечена слузница.
- Колапсот на кардиоваскуларниот систем се јавува без респираторни симптоми. Обично нападот вклучува кардиоваскуларни или респираторни симптоми, но не и двата, а начинот на манифестација кај поединецот е ист во сите последователни напади. Сепак, анафилакса може да напредува толку брзо што може да доведе до колапс, конвулзии (грчеви како оние на епилепсија), губење контрола на празнење на мочниот меур, несвестица или мозочен удар во рок од 1 до 2 минути. Анафилакса може да биде фатална ако не се третира веднаш - се споменува во упатството.