Оштетени згради, голем страв и паника кај населението: Земјотресите на Крит се закануваат да го срушат најнаселениот грчки остров

Еден човек загина, а девет лица се повредени по силниот земјотрес што го потресе грчкиот остров Крит во понеделникот, потврди за Си -ен -ен грчкиот генерален секретаријат за цивилна заштита.

Земјотресот, кој се случи во 9,17 часот по локално време, беше со јачина од 5,8 степени, според Атинскиот геодинамички институт. Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 14 милји северозападно од приморското село Арви на југоистокот на Крит, на длабочина од шест километри.

Но, утрово беше регистриран уште еден потрес од 5,3 степени.

Човекот за кој е потврдено дека е мртов бил изнесен без свест од капела во градот Аркалохори, јужно од главниот град на островот, Хераклион. Работел на реновирање на капелата.

Властите за цивилна заштита потврдија за Си -Ен -Ен дека има огромни оштетувања на некои згради, главно стари, и дека училиштата се затворени за тој ден. Владини службеници се на терен за да ги пресметаат штетите.

Грчката противпожарна служба во соопштението рече дека нејзините сили во регионот биле веднаш мобилизирани, а патролите се изведуваат во пошироката област.

Според податоците на Европската унија, Крит е најголемиот и најнаселен од сите грчки острови, со население од повеќе од 634.000 жители.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) претходно објави дека земјотресот бил со прелиминарна јачина од 6,5 степени.

Според сеизмолозите, се стравува за уште една серија на земјотреси.