Островска територија со само 3 заразени од коронавирус: Сите излечени
- 25 Август, 2020
Ангила британска прекуморска територија во Карипското Море. Ангила е остров, или група острови, кои се
најсеверните Заветрени острови, дел од Карипските острови. Ангила се наоѓа источно од Порторико и Девствените Острови и северно од Свети Mартин.
Територијата Ангила ги зафаќа главниот остров Ангила заедно со уште неколку помали острови и островчиња кои немаат постојано население. Главен град на Ангила е Вали и вкупната површина на Ангила е 91 километар квадратен со население од околу 13.500.
Пред два месеци го пријавија првиот случај на коронавирус. По него следуваа уште два. Вкупно три. Сите три случаи се излечија успешно и го победија коронавирусот. Островот и групата на острови ги почитуваат мерките на СЗО со сите потребни нешта, рестрикции и периодично затварање на границите. Иако населението не е многубројно, сепак нема заболени.