Oтишла да ги корегира филерите на усните: Она што докторите го откриле буквално ѝ го спасило животот
Да не беа модринките и да не бев охрабрена да одам на лекар за нив, веројатно ќе го одложив повторно прегледот
Животот на една медицинска сестра засекогаш се променил откако доживеала вообичаен несакан ефект од популарната козметичка процедура.
36-годишната Едита Јукаите и претходно пробала различни процедури без негативни реакции, но инјекцијата за полнење на усните која ја примила минатиот април предизвикала непријатно отекување. Инјекцијата која Едита ја примила од колега лекар веднаш предизвикала оток на усната и тешки модринки.
Откако ја примила инјекцијата, Едита - која исто така ослабела - рекла дека докторот ја советувал да посети општ лекар, кој ја пратил да направи тестови на крвта. Недолго откако и ја земале крвта, итно ѝ се јавиле од лекарска ординација дека мора веднаш да оди во болница.
Општиот лекар се посомневал дека можеби има леукемија, а дополнителните тестови потврдиле дека Едита има хронична миелоидна леукемија (ХМЛ), рак на коскената срцевина и белите крвни зрнца. Таа брзо примила орална хемотерапија и сега е во ремисија, но ќе мора да зема лекови до крајот на животот за да спречи враќање на болеста.
Едита, која потекнува од Банбери, Оксфордшир, признава дека филерите за усни ѝ го промениле животот, велејќи дека можеби никогаш немала да отиде на општ лекар ако не биле модринките кои ѝ се појавиле по корекцијата на филерите што ја поттикнале да побара совет. Таа рече: „Не многу луѓе можат да кажат дека филерите за усни им го спасиле животот - но јас можам!
„Да не беа модринките и охрабрувањето да одам на лекар за нив, веројатно повторно ќе го одложив, што можеше да значи дека леукемијата ќе напредуваше и ќе станеше многу потешка за лекување. Немав поим за знаци и симптоми на леукемија - Имав среќа што малку слабеам бидејќи се подготвував за одмор и испив многу енергетски пијалоци, кои можеа да го прикријат мојот умор.
„Дефинитивно има потреба од поголема свест за леукемијата и на што да се внимава, за да може навреме да се дијагностицираат повеќе луѓе, како мене, за ефикасен третман.“
Фото: Инстаграм