Отишол во тоалет, па видел две чудни очи како го гледаат: Се „заледил“ од страв, а спасувачите веднаш пристигнале (ВИДЕО)

Овој тип на змии може да порасне и до четири метри, а во текот на зимските месеци во Австралија често бараат потопли места.

Маж од Квинсленд доживеал многу непријатно изненадување неодамна, кога влегол во тоалетот во својата куќа - забележал две очи кои зјапале во него, а кои всушност припаѓале на голем питон.

Несаканиот гостин се наоѓал на вратата од туш кабината, гледајќи надолу кон запрепастениот маж, пренесува „Њусвик“.

Бидејќи се работи за рептил долг 180 сантиметри и тежок 10 килограми, тој веднаш ја повикал службата за фаќање рептили во Квинсленд, чии експерти набрзо дошле и ја отстраниле змијата, која ја идентификувале како неотровен крајбрежен питон.

Кога пристигнале на теренот, ја затекнале змијата како удобно се „сонча“ под светлата.

Фаќачот на змии Ентони Џексон се пофали на Фејсбук со оваа необична ситуација.

Фаќањето на змијата било брзо, и траело околу триесет секунди. Но, на питонот не му се допаднало да биде исфрлен од „неговото“ пријатно место, па го каснал Ентони.

Се претпоставува дека змијата влегла во собата преку покривот.

Инаку, овој тип на змии може да порасне и до четири метри, а во зимските месеци во Австралија често бара потопли места.


Фото:Freepik