Откако ќе го видите ова, никогаш повеќе нема да носите влечки на плажа


Италијанската компанија измислила специјални влошки за стапалата кои ќе ви го олеснат денот на плажа и во море …

Морето, сонцето и жешкиот песок се одлични за одмор, дружење и релаксација, меѓутоа, врелиот песок може да биде опасно досаден. Затоа постојано мораме да носиме досадни и неудобни влечки кои ни го отежнуваат движењето. Исто така, големите и остри камења можат да ни го расипат уживањето, бидејќи се мачиме да влеземе во водата и да зачекориме на карпестата плажа.

Затоа една компанија успеа да најде генијално решение кое ќе ви помогне да го поминете најдоброто лето досега. Овие влошки се лепат за вашите стапала и целосно ги покриваат. Обезбедуваат чувство слично како да имате залепен ѓон на стапалата, така што ќе можете без грижи да одите по бетон, асфалт, камења, врел песок.

Најдобриот дел е што овие влошки се водоотпорни за да не мора да ги вадите цел ден. Со нив можете да пливате и да ги правите сите други активности. Кога ќе завршите со вашите активности на плажа, едноставно излупете ги и тоа е тоа.

Генијално нели?

<iframe width="560" height="315" src="https://www.youtube.com/embed/-XBo2hupgV4?si=khp8oadeyZU3WdlU" title="YouTube video player" frameborder="0" allow="accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share" referrerpolicy="strict-origin-when-cross-origin" allowfullscreen></iframe>