Откриен е премин во подземен свет: Христијански свештеници го запечатиле влезот и над него изградиле црква
Еден доминикански свештеник пишувал за ова место во текот на 17 век, користејќи ги упатствата што ги оставил зад себе - археолозите тргнале да го пронајдат изгубениот влез во подземјето.
Многу култури и цивилизации ги менувале своите ритуали, верувања и богови низ вековите - насилно или доброволно. Често тие стари места потоа би се користеле за изградба на нови светилишта, а еден таков пример е местото Митила во јужно Мексико.
На ова место, археолозите сега открија лавиринт од комори и премини под христијанската црква, за кои постои сомневање дека се влез во подземниот свет изграден од Запотеците пред повеќе од 1.000 години. Всушност, точно е дека овие места биле познати како „места за одмор“. Исто така, постојат докази кои сугерираат дека има и ходници со сали во кои се наоѓаат неколку гробници.
Како истражувачите го знаат ова?
За време на истражувањето во Митила, извршени се радарски скенови, томографија со електрична отпорност и сеизмичка топографија. Сето тоа на истражувачите им овозможило низа податоци со чија помош направиле мапа на подземниот храм со гробници скриени зад олтарот на црквата, кој го создале шпанските мисионери по освојувањето.
За работите да бидат поинтересни, докази за ова место може да се најдат во хрониките на доминиканскиот свештеник Франциско де Буржоа. Во 1674 година, тој споменува дека под влезот на запечатениот лавиринт, има четири меѓусебно поврзани комори и неколку пештери, длабоко под површината на земјата.
Оваа информација не е изненадувачка ако се земе предвид дека Запотеците верувале во подземниот свет, на кој му припишувале неколку различни богови. Благодарение на најновите нанотехнологии, истражувачите го пронајдоа ова „изгубено“ место и во наредниот период планираат да започнат нова фаза од проектот, т.е. ископувања во подземни комори.
Фото и Видео: Youtube
Извор: nationalgeographic