ОТКРИЕНА КОНЕЧНО АХИЛОВАТА ПЕТА НА КОРОНАВИРУСОТ: НАУЧНИЦИТЕ ГО ЗАДАВААТ УДАРОТ
Научниците од германскиот институт за биохемија (ИБЦ), предводени од хрватскиот научник Иван Џикиќ, можеби откриле слаба точка на коронавирусот.
Објавена е изјава на веб-страницата на Институтот, во која се наведува дека научниците од IBC, во соработка со други тимови, идентификувале протеаза (PLpro) на SARS-CoV-2 вирусот сличен на папаин, што е суштински вирусен ензим и потенцијална слаба точка- еден вид Ахилова пета на новиот коронавирус, пренесува хрватскиот Индекс.
PLpro е потребен за процесуирање на вирусни полипептиди и составување на вирусот во човечки клетки. Покрај тоа, вирусот САРС-КоВ-2 го користи овој ензим за да го потисне имунолошкиот антивирусен одговор на организмот, што му помага на вирусот да го модулира имунолошкиот систем на заразеното лице во своја полза. На тој начин, вирусот полесно може да се размножува и шири понатаму, се наведува во изјавата.
Тимот научници демонстрираа дека фармацевтското таргетирање на PLpro со не-ковалентен инхибитор на GRL-0617 може да го блокира ширењето на вирусот и со тоа да го засили антивирусниот имунитет во епителните клетки на човекот, кои се примарното место на внесување на патогени во човечкото тело. Резултатите од студијата сега се јавно достапни.
„Нашите резултати отвораат возбудлива можност за терапевтска стратегија заснована на ’двоен удар ’ на таргетирање PLpro: запирање на ширењето на вирусот и зајакнување на човечкиот имунолошки систем во исто време“, објасни Иван Џикиќ, директор на ИБЦ и водечки автор на овој научен труд.
„За да го добиеме овој длабок увид, во нашиот Институт комбиниравме биохемиски, структурни и функционални знаења. Јас сум крајно благодарен на тимот што постигна многу во многу краток временски период. Нашата истражувачка соработка со Институтот за медицинска вирологија под раководство на Сандра Циесек беше клучна во покажувањето како инхибицијата на PLpro го запира вирусот “, рече Џикиќ.
Покрај тоа, други научници во Франкфурт, Минхен и други делови на Германија придонеле во ова истражување со експериментални податоци, реагенси и совети.
Овие резултати даваат целосна научна оправданост за понатамошни клинички студии со кои би го нападнале коронавирус. Така, една американска клиника во моментот спроведува клинички испитувања на фамотидин насочена кон PLpro кај пациенти заразени со „Ковид-19“.
Сепак, таргетираниот ефект на фамотидин врз вирусен PLpro сè уште не е потврден.
„Ние мора да бидеме особено претпазливи во клиничките испитувања кај пациенти затоа што одговорот на нивните организми на терапијата против PLpro може да варира во зависност од тоа дали се користел во раните или подоцнежните фази на Ковида-19“, потенцираат Џикиќ и Цисек.