Откриено е колку заработил Путин минатата година
Рускиот претседател Владимир Путин заработил 133.400 долари во 2019 година, а премиерот Михаил Мишустин 249.700 долари, според официјалните податоци објавени на веб-страницата на Кремељ и руската влада.
Во 2018 година, Путин пријавил приход од 118.600 долари. Имотната карта на Путин останува непроменета. Тој е сопственик на стан од 77 метри квадратни, гаража од 18 квадратни метри, два стари автомобили „Волга ГАЗ М21“, како и теренско возило „Нива“ и караван на Скиф.
Рускиот претседател моментално како шеф на државата користи 153 метри квадратни и гаража од 18 квадратни метри. Целиот негов имот се наоѓа во Русија.
Кога станува збор за приходите на премиерот Мишустин, истиот е стекнат за време на неговата работа во Федералната администрација за даноци и врз основа на депозити на претходно заработени средства, пренесува ТАС С.
Според објавениот документ, Мишустин нема сопствен имот, но користи државен стан од 141 квадратни метри заедно со сопругата и малолетникот.