Откриено каде Хитлер сокрил десетици тони злато?!
Десетици тони нацистичко злато би можеле да бидат скриени под средновековниот полски замок, пренесува британскиот портал „Дејли меил“, повикувајќи се на истражувачите на полско-германскиот фонд „Мост Шлези“.
Станува збор за 28 тони злато, кое веројатно е скриено на територијата на замокот Хохберг во Вроцлав. Наведено е дека скапоцените вредности на богатите Полјаци, кои морале да ги предадат на единиците на СС на Хитлер заради напредокот на Црвената армија во 1945 година, исто така може да бидат скриени таму.
Експертите веруваат дека наидоа на информации за тајно место со скапоцености со проучување на дневникот на службениците од СС. Дневникот го напишал Егон Оленхауер, на кој му наредил Хитлер да го скрие нацистичкото богатство. Се верува дека службеникот на Третиот рајх криел 260 камиони со разни скапоцености. Неговиот дневник зборува за 11 места каде што може да се скрие богатството.
Ако претпоставките на истражувачите се вистинити, скапоцените вредности до 1,25 милијарди фунти (околу 1,3 милијарди евра) би можеле да бидат „погребани“ во Полска. Сепак, научниците сè уште не добиле дозвола да го ископаат скриеното место, што го отежнува планирањето. Претставниците на фондот тврдат дека тие веќе добиле прелиминарно одобрение за спроведување на работите од сопственикот на замокот.
Дневникот на Егон Оленхауер стана познат во 2018 година. Според истражувачите, кога Црвената армија започнала офанзива, Хитлер наводно наредил камиони полни со скапоцености да бидат скриени во Шлезија. Се посочува дека, меѓу другото, станува збор за скоро 30 тони злато и уметнички дела од Караваџо, Ботичели и Рафаело. Ракописот се чува во една од германските верски организации, која се смета за масонска ложа.