Откриено што Вилијам најмногу му замерил на Хари: „Едвај зборуваат“
Вилиам и Хари едвај разговараат и целосно го прекинаа контакт два месеци. Сè за проблемите меѓу браќата, го откри писателот на биографијата Пронаоѓајќи слобода, Омид Скоби, во ТВ-интервју.
Тензиите ескалираа кога Меган ја обвини Кејт дека не ја поддржува во „мрачните денови“ од нејзината бременост.
"Браќата не разговараа од самитот во Сандрингам. Мислам дека растојанието меѓу нив се повеќе расте. И тоа е делумно заради сите работи што се случуваат - и зборуваме за нив во книгата. Ќе потрае некое време за нивната врска да се опорави", рече тој.
Скоби вели дека врската меѓу браќата целосно се распаднала затоа што Хари и Меган го најавиле нивниот план Мегксит кој ѝ наштети на монархијата. Тие ја објавија својата одлука на социјалните мрежи откако The Sun ги откри нивните намери.
„Мислам дека она што навистина тргна наопаку на Хари, Меган и Вилијам беше одлуката јавно да го објават својот прекин со монархијата. Тие не разговараа за тоа внатрешно. Тоа најмногу го повреди Вилијам затоа што тој не е само брат, туку тој е и идниот крал. Вилијам верува дека ова требало да се дискутира приватно и тука се појавиле проблемите што продолжуваат и до ден денес “, открива писателот.
Неколку извори изјавија за „The Sun“ дека Вилијам и Хари едвај зборуваат сега, а Кејт и Меган целосно го прекинале контакт.
Скоби, која признава дека разговарал со Хари и Меган, ја обвинува Кејт дека не успеала да воспостави врска со Меган.
„Мислам дека немаше многу обиди за да ги задржат, за да останат. Искрено - и ова е истакнато низ целата книга - односот на Меган и Кејт никогаш не напредуваше. Меган сметаше дека нема многу напор од страна на Кејт да се грижи за неа во некои потемни моменти, особено за време на бременоста “, тврди писателот на биографијата, која открива бројни тајни на кралското семејство.