ОТКРИЈТЕ ГО ВАШИОТ БРОЈ НА СУДБИНАТА: Четворката се мачи околу сѐ, осмицата сака само пари

Во нумерологијата, бројот на датум на раѓање е број од сите цифри на раѓањето (ден, месец и година). На пример: Родени сте 26.4.1960. 2+6+4+1+9+6+0=28=2+8=10=1+0=1 Бројот на датум на раѓање е 1. Ако е број 11 и 22 не сведувајте го понатаму на една цифра. Тоа се броеви на раѓање. Датумот на раѓање е многу важен водич за разбирање на нашето долгорочно однесување, еднаков во минатото како и во иднината. Затоа, хартија во рака и пресметајте го својот број на судбината.

ЕДЕН 

Борбата за остварување на вашите цели и намери никогаш не престанува. Ќе совладате една, друга веднаш се појавува. Видот на одлука која ја донесувате ги одредува резултатите. Општо е насока кон изразување на внатрешното јас и кон вашите организациски и лидерски способности. Важно е да се потпрете на своите единствени таленти и секогаш да тежнеете кон најдоброто, најуспешните резултати. 

ДВА 

Вашата желба е да живеете во внатре телесно поврзани луѓе. Вашата потреба за приближување и мешање со други, ќе ви овозможи добра соработка а тоа во иднина може да ви донесе добри прилики. Животот не учи на компромиси. Понекогаш, неопходно е на другите да им го отстапите средното место на сцената, како би напредувале, додека вие останувате зад завесите. Верувајте им на оние кадри кои ви дале неограничена и безусловна љубов и поддршка. Поседувате вродена способност за преживување во тешки и незгодни услови и сте исклучително прилагодливи. 

ТРИ 

Ви се нудат бројни прилики за работа на различни подрачја, посебно на уметност. Постојат можности за постигнување на разни духовни радости. Следете ја насоката кон слобода, озаконети различни начини на изразување и ослободување од тесно, ограничено размислување, постои исто така и ширење на хоризонтот и отвореност како резултат на развојот на свесност. Би требало да избегнувате крајни акции, бидејќи тие не и одговараат на вашата способност. 

ЧЕТИРИ 

Стравотен напор е потребен за да се постигнат резултатите на кои се надевате. Насочете се на детали и работете темелно, без компромиси. Насочете се на голема духовна сила и длабоко здивнете, бидејќи пред вас има долго натегање. Животот од вас бара вежбање на самоконтролата и контрола на нагоните. Способни сте да носите товар и да страдате без жалење или откривање колку ви е тешко. Вашата способност на воздржување ќе ви биде од корист во текот на животот. 

ПЕТ 

Насоките на вашиот живот укажуваат на изненадувања, промени и нови искуства. Сакате да истражувате, знаете и искусите што е можно повеќе. Научете да ги контролирате своите желби, настојувајќи да не ви го поматат чувството и моментален нагон. Силно сакате да ги следите своите моментални желби и веднаш да постигнете задоволство. Немојте да им попуштате. Борбата против нив води кон јаснотија на умот и можност за нивна контрола. 

ШЕСТ 

Овој број укажува на одговорност. Кај вас е на прво место помагање на другите. Научете да ја контролирате ситуацијата. Секоја акција која ја преземете во животот, ќе треба да биде направена во духот на љубовта и со желба за давање. Вашата способност на сочувство и поистоветување со други е благотворна и им служи на вашите цели. Тоа дава бескрајни можности за преземање на задачи и нивно извршување. Вашата способност е соочување со иднина без стравови, и дава обновена сила. 


Следна страна