Ова богаташиште беше и во Македонија: А само да видите што продава и за колку?

Најбогатиот Мексиканец и еден од најбогатите луѓе во светот, Карлос Слим, продава куќа во Њујорк за 80 милиони долари, објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Куќата се наоѓа во една од најпознатите улици во светот, а била изградена за време на „златното доба“, период во Америка, во 19 и почетокот на 20 век.

Вилата има пет ката и 1.850 квадратни метри, осум спални соби, десет бањи и гледа кон 82-та улица на Менхетен во должина од 30 метри.

Слим, кој беше најбогат човек на светот во периодот од 2010 до 2013 година, моментално е на седмото место на листата на Форбс, со 90 милијарди долари.

Куќата ја купил во 2010 година за 44 милиони долари, а претходно се обидел да ја продаде во 2015 година за 80 милиони долари, но една година подоцна ја симнал од листата, но ја вратил минатиот месец.


За постетување, Слим дојде во Македонија во 2012 година за да учествува на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и УНЕСКО, со која претседаваше токму Слим. 

Своето богатство го стекна во секторот на телекомуникациите, трговијата, финансиите, суровините и енергетиката. Тој е претседател и главен извршен директор на телекомуникациските компании „Телмекс“ и „Америка Мовил“ и има имот и во други компании преку својот конгломерат „Групо Карсо САБ“. 

Слим  купи големи удели во странски компании како што е синџирот на стоковни куќи „Сакс“ и издавачот „Њујорк тајмс“.

Допатува со приватен авион во Македонија и не сакаше да има никаков ВИП третман.

Галерија од недвижноста што ја продава: