Ова чудо може да се одгледува и кај нас! (ФОТО+ВИДЕО)

Сините банани со вкус на ванила доаѓаат од индонезискиот остров Јава. Тие се многу отпорни, преживуваат на температури од 0 до 44 степени, така што можат да растат и кај нас.

Индонезијците растат ваков тип на банана со години, но тие се малку познати надвор од таа земја и Хаваи, каде што исто така се одгледуваат. Ги има и во Австралија, Фиџи и Централна Америка.


Нивната боја не е единствената необична карактеристика. Имаат посилен вкус од обичните банани, и потсетуваат на ванила, па затоа често се користат за правење природен сладолед.


Затоа на Хаваи го нарекуваат сладолед од банана.

Бојата на оваа банана се менува од сина, преку сино-зелена, во бледо жолта, кога е целосно зрела.

Изненадувачки, оваа банана не е пораспространета, бидејќи е многу отпорна и може да се одгледува на температури од нула до 44 степени, иако нејзините идеални услови се тропски, околу 40 степени. Потребно е да има многу вода и потребни се само девет месеци од семе до растение. Нејзините недостатоци се тоа што бара многу простор, бидејќи има многу долг и силен корен.


Фото: Инстаграм/Твитер

Видео: Youtube