Ова е куќата на Новак и Јелена Ѓоковиќ: Во село, а раскошна, голема и идилична

Според реномираниот „Форбс“ богатството на светскиот тениски рекет Новак Ѓоковиќ се проценува на неверојатни 300 милиони долари. Тука е пресметан и имотот кој го поседува, луксузните станови и куќи во Монте Карло, Њујорк, Мајами, Белград, Тиват, Шпанија, а исто така поседува и прекрасна вила во срцето на Срем, на бреговите на езерото Павловац- Србија.
Е токму таа вила кои многумина ја нарекуваат дворец, на семејството на Ѓоковиќ најмногу им е драга.
Вилата не остава текст само заради својата големина, туку и директинот пристап до Павловачкото Езеро. Распослана е на 1.200 квадратни метри, има 5 спални соби, неколку бањи, внатрешен базен... Се уште не е завршена со градба.
Оазата за мир на Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се наоѓа во живописното село, на падините на Фрушка гора, помеѓу Ириг и Рума. За семејството беше исклучително важно да изградат викенд куќа во природа, па затоа избраа зеленило скриено од очите на јавноста.
Таткото на Новак, Срѓан, беше најголем иницијатор за изградба на вилата која пред извесно време беше делумно уништена од мигранти.
Ноле во една прилика рече дека тоа ќе му биде куќата за неговите пензионерски денови, но и дека не мора да значи оти ќе чека пензија... Многу побрзо додаде дека би се вселил, далеку од се!