ОВА Е ЛУДО! Цената на метар квадратен во овој град е 156.000 евра, а најскапиот стан е продаден за 459,4 милиони

Иако Хонг Конг минува низ најтешка рецесија во последните неколку години, неговиот пазар на недвижнини сè уште цвета

Имено, штотуку беше продаден нов стан од 313 квадратни метри за 49 милиони евра, или 156 000 за метар квадратен, објавија локалните медиуми.

Апартманот со пет соби, лоциран во елитниот кварт на Хонг Конг на ридот Мид-Левелс, е купен за 459,4 милиони хонгконгшки долари, но тоа не е рекорд кога станува збор за недвижнини во овој посебен административен регион на Кина.

Но, неговата цена по квадратен метар е без преседан и ги одразува разликите во богатството во поранешната британска колонија.

По неколкумесечни протести во текот на 2019 година, економијата во Хонг Конг ја чувствува целата тежина на последиците од пандемијата и затворањето на границите, пренесува Индекс.

БДП на овој полуавтономен регион на Кина се намали за рекордни 6,1 процент во 2020 година, а стапката на невработеност во моментов е 6,6 проценти, што е највисока во последните 16 години.

Град на контраст

Хонг Конг е без сомнение град на неверојатни контрасти.

Од една страна, на неговите улици може да се забележи концентрација на екстравагантни луксузни автомобили, а од друга, голем број стари лица кои собираат остатоци од картони со цел да ги однесат за рециклирање и да заработат мали пари за да преживеат.

Сепак, со оваа продажба Хонг Конг се обидува да потврди дека не минува низ криза.

Цената на метар квадратен што непознат купувач ја платил за овој имот го сруши претходниот рекорд од 2017 година.