Ова е најскапата подводна хотелска соба во која ноќевање чини 18.000 евра (ВИДЕО)
Инстаграм парот Кара и Нејт на социјалната мрежа споделија видео од престојот во хотелот кој го одзема здивот.
Станува збор за подводен апартман на Малдиви, а виралното видео започнува така што Нејт го покажува патот до хотелот. Штом ќе излезе од лифтот, тој влегува во ходникот што води во софистицирана спална соба. Со луксузен брачен кревет, прецизно уреден ентериер, приватен простор за седење, тоалет со сензор, стаклен таван и прекрасен поглед на океанот, хотелот има се.
Споменатото видео собра речиси 100 милиони прегледи, што предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.
Парот што патува низ светот, која претходно престојувал во хотелот напишал: „Престојувавме токму во оваа соба, бевме нервозни, но тоа беше прекрасно искуство. Други се прашуваа како е кога надвор е темно, а некои истакнаа дека премногу би се плашеле да легнат да спијат под вода.
Двојката престојуваше во одморалиштето Conrad Maldives
Rangali Island на Малдивите, кое располага со луксузна резиденција на поделени
нивоа наречена „Мурака“. Според веб-страницата The Digest Online, таа е речиси
5 метри под нивото на морето, а главната спална соба е скриена со купола од 180
степени. Хотелот нуди и удобности, вклучувајќи 24-часовен батлер и готвач, спа
третмани, фитнес тренер на повик и лични џет скии.
Во видеото наведуваат дека цената на ноќевање во овој апартман започнува од 18 илјади евра, додека на интернет цените се движат и до 46 илјади евра.
Извор: N1info.rs