Ова е највалканиот човек на планетата: Не се капел 69 години

Верувале или не, постои човек кој не се капел 69 години! Имено, светските медиуми го открија името на Иранецот Амуџа Хаџи, кој има 89 години, а тој стана светска вест како човек кој не се капел од својата 20-та година.

Според странските медиуми, неофицијално се работи за највалканиот човек на светот кој објаснува дека не се капел од две причини – страв од вода и љубовни маки.

Аму Хаџи живее во иранската пустина, јаде месо од мртви животни, но најшокантната информација е дека тој верува дека може да се разболи ако се избања. Во исто време, иако се плаши од вода и капење, овој Иранец пие и до пет литри вода дневно.

Хаџи конзумира цигари, а кога ќе исчезнат користи сув кравји измет кој го вдишува од луле ...

Тој живее на улиците во близина на изолираното село Дезга во јужната иранска провинција Фарс, спиејќи во дупки направени во пустината надвор од селото. Иако селаните му изградиле колиба, тој решил да не живее таму, само повремено да се крие во неа ако треба.

Деталите погледнете ги во прилог...