Ова момче го тужеле сопствените родители: Кога ќе слушнете зошто завршиле на суд, ќе се запрепастите

Родителите на Мајкл Ротонда (30) решија да го тужат затоа што тој не сакаше да се исели од семејната куќа. Судските документи велат дека тој не плаќал закупнина или помагал во домашни работи, како и дека го одбил предлогот на неговите родители да му помогнат финансиски со 1100 долари за да се смести на друго место.

Кристина и Марк Ротондо поднесоа тужба пред суд во близина на градот Сиракуза во сојузната држава Њујорк, откако неколку месеци се обидоа да го присилат својот син да го напушти домот. На локалниот суд му било речено дека мора да добијат пресуда од Врховниот суд бидејќи Мајкл е дел од семејството. Родителите велат дека нивниот син не сакал да си замине дури и по неколку наредби за иселување.

- Одлучивме дека треба веднаш да ја напуштиш оваа куќа. Имаш 14 дена да заминеш. Нема да т биде дозволено да се вратиш - се наведува во првото писмо од 2 февруари, по што тие го напишаа вистинскиот налог со помош на адвокат.

- Постојат работни места дури и за оние со лоша биографија како твојата. Најди работа - мора да работиш! - стои во друго од писмата. Самиот Мајкл тврди дека родителите му дале прекраток рок за иселување, па го повика судот да ја отфрли тужбата.