Ова момче тврди дека умрело на 11 септември 2001 година во терористичкиот напад во кулите близначки: Неговата исповед предизвикува морници

Терористичкиот напад на Светскиот трговски центар, односно кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година ќе остане запаметен како еден од најтрагичните денови во поновата историја. Оттогаш се снимени многу документарни програми, настанот е реконструиран, оние што преживеале сведочеле, а потоа почнале да се појавуваат оние кои тврдат дека се „реинкарнација на жртвите на несреќата“.

Загинав на 11 септември 2001 година во терористичкиот напад на кулите близначки, па се преродив

Една таква приказна за реинкарнација се однесува на момчето по име Кејд, а неговите родители зборувале за медиумите кога тој имал само седум години. Тогаш Моли, мајката на момчето, рече дека еден од луѓето кои загинаа кога терористите ги погодија кулите близначки со патнички авиони, се прероди како нивни син на 28 декември 2004 година.

"Првиот пат кога го држев во раце беше неверојатно, бидејќи ми кажаа дека нема да можам да имам деца. Сепак, Кејд беше поинаков. Тој не беше како другите бебиња, туку како возрасен маж. Со поглед како да ме прашуваше: „Кои сте вие?“ рече мајката.

Се беше прерано со Кејд. Рано почна да зборува, рано одеше. Веќе на две години покажа голема интелигенција. Можеше да разговара со возрасни. Веќе на тригодишна возраст, тој почна да зборува за тоа како се сеќава на својата смрт. Почнуваше да плаче среде ноќ и да зборува за тоа како порано работел во висока зграда и можел да ја види Статуата на слободата од неговата канцеларија.

Сонувал дека паѓа од висока зграда

"Ми кажуваше дека сонувал дека паѓа од зграда и така умрел. Сосема е надреално тригодишно дете да зборува за Њујорк и смртта", се сеќава таа.

Таа почна да се прашува дали е можно тој да бил во Светскиот трговски центар?

„Голем дел од мене негираше дека тоа е можно. Никој од моето семејство не познаваше некој што бил во Светскиот трговски центар. Кејд никогаш не бил во Њујорк. Мислев дека има бујна имагинација, но потоа стана опседнат со авиони“, додаде мајката Моли.

Се плашеше од авиони

На почетокот, Кејд беше преплашен од авиони. За него тие беа чудовишта.

„Не се плашеше да биде во воздух, но се чинеше дека повеќе се плаши од каде одат - рече таа“, а Кејд додаде дека не сака високи згради.

Поминувајќи покрај една од нив, тој исплашено рече: „Тоа ме потсетува на кулите близначки и ми враќа многу лоши спомени“.

„Се обидов да барам оправдување, но стигнав до тој степен што веќе не можев да негирам, ми кажа дека бил во зграда која ја погодило нешто, дека имало експлозија и дека паднал од зградата. Одеднаш ми дојде сè, се наместија коцките- Страв од авиони, високи згради - оваа личност била во Светскиот трговски центар“, истакнала преплашената мајка.

"Авионот удри во Светскиот трговски центар, а потоа останав заглавен во зградата. Сè уште бев жив кога паднав. Удрив во земјата и умрев", вознемирено изјави Кејд.

Тој дури побарал од родителите да му го сменат името.

„Не го сакаше името Кејд. Тој инсистираше дека Кејд не е неговото име“, велат родителите.

Моли почна да пребарува на Интернет за се што е поврзано со 11 септември, објавувајќи на форуми со надеж дека некој ќе одговори и ќе помогне да се расветли целиот случај. Една жена и испратила линк кој ја оставил Моли без здив.

"Тоа беше приказна за човек кој работеше во Светскиот трговски центар и чиј живот и смрт се поклопија со сеќавањата на Кејд. Ги најдов сите детали, фотографии, но никогаш не помислив да контактирам со семејството на жртвата. Не сакав да им го вознемирувам процес на тагување и страдање со спомнувањето на тој ден, а што би им рекол: „Твојот син не умре, тој е прероден во друг“. Да ми се јавеше некој со таква вест, ќе го спуштив телефонот.


Моли ја знае вистината и кој бил човекот за кој верува дека и е син денес

"Знам кој беше тој, знам како умре. Но како мајка - се чувствувам беспомошно. Не можам да му ги одземам тие спомени".

Луѓето не сакаа нивните деца да се дружат со Кејд. Го нарекоа лажго. Наставниците рекоа дека тој им пречи на другите деца на училиште.

„Мојата мисија сега е да му го олеснам животот што е можно повеќе, да му помогнам да биде удобно во неговото „ново тело“. Тој мора да научи да биде Кејд, да биде повторно дете, да научи да се насмевнува. Мислам дека ќе направи тоа“, изјави тогаш неговата мајка Моли, во што и успеа години подоцна, бидејќи Кејд, како што е напишано на крајот од статијата, сега е професионален фудбалер.