Ова се најбогатите кралски семејства во Европа: Меѓу нив, има и „сиромашни“

Британското кралско семејство не е најбогато во Европа.

Направена е листа со десетте најбогати кралски семејства на континентот. 

1.Принцот Ханс Адам II, Лихтенштајн

Принцот од Лихтенштајн секоја година добива 270.709 долари кои не се подложени на данок за извршувањето на неговата функција. Иако ова изгледа како мала сума, сепак треба да се знае дека кралското семејство на Лихтенштајн раководи со приватна банка, LGT Group, и голем број инвестиции во домашни и странски компании. Нивното богатство се проценува на преку 5 милијарди долари.

2. Големиот војвода Хенри, Луксембург

Никој од големото војводско семејство на Луксембург не добива годишна плата, но затоа од 1948 година па наваму тие добиваат по 325.000 долари секоја година за да ги извршуваат нивните кралски функции. Целата администрација, контрола и имот на Кралската резиденција му припаѓа на носителот на круната, чие богатство вреди околу 4 милијарди долари.

3. Принцот Алберт, Монако

Тој е првиот на оваа листа кој ја надминува вредноста од милијарда долари, бидејќи неговото богатство се проценува на 1,1 милијарда. Има скоро четвртина од земјата на Монако, располага со колекција на стари автомобили и има имот во Филаделфија кој чини околу 750.000 долари.

4. Кралицата Елизабета II, Англија

Најпознатото кралско семејство во светот располага со богатство од преку половина милијарда долари, меѓу кои се наоѓаат вредни уметнички дела, имоти и инвестиции. Само кралицата Елизабета има приватно богатство поголемо од 530 милиони долари, тврди Forbes. Најголемиот дел од вредноста доаѓа од Кралскиот имот, во кој спаѓаат Бакингемската палата и кралскиот накит.

5. Кралицата Беатрис, Холандија

Богатството на холандското кралско семејство се проценува на околу 200 до 300 милиони долари, а кралицата Беатрис иако се откажа од тронот во 2013 година, сепак останува доминантна фигура во ова семејство. Оваа година кралското семејство располагаше со буџет од 47 милиони долари, кои им беа дадени од државата.

6. Кралот Карл XVI Густаф, Шведска

Шведскиот крал доби 7,6 милиони долари од државниот фонд за вршењето на неговите официјални должности, а администрацијата на Кралската палата доби 7,4 милиони долари од државата истата година. Вредноста на шведското кралско семејство се проценува на преку 70 милиони долари.

7. Кралицата Маргрет II, Данска

Кралицата Маргрет е на тронот на Данска уште од 1972 година, а нејзиниот народ ја смета за многу посветен и благороден владетел. Нејзиното семејство „тежи“ над 40 милиони долари, а државата им обезбедува 12,8 милиони долари годишно за нивните трошоци.

8. Кралот Харалд V, Норвешка

Кралот на Норвешка не плаќа даноци за неговото богатство и има потрошено дел од парите за да купи луксузна, голема јахта. Неговото семејство ја чини државата околу 72 милиони годишно, а во 2017 година само тој и кралицата потрошија преку 14 милиони долари.

9. Кралот Фелипе, Шпанија

Неговата годишна плата изнесува скоро 300.000 долари годишно, а годишно тој троши околу 8 милиони државни пари за да си го дозволи луксузот. Поседува осум кралски палати, пет кралски резиденции, 10 манастири и црковни објекти. Неговата вредност се проценува на околу 20 милиони долари.

10. Кралот Филип, Белгија

Не постојат многу податоци за богатството на кралот Филип од Белгија, но според Forbes, тој заедно со неговото семејство вреди околу 13 милиони американски долари. Белгиските кралски недвижнини не му припаѓаат нему, туку на државата, па затоа не влегуваат во неговата конечна вредност.