Ова се сателитски снимки пред и по земјотресот во Мјанмар

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што во петокот го погоди Мјанмар се искачи на 1.644. Според првите проценки на мјанмарската опозициска Влада на национално единство (НУГ), во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала се оштетени најмалку 2,9 илјади згради, 30 патишта и седум мостови.

„Поради значителна штета, аеродромите во Најпитав и Мандалеј се привремено затворени“, објави НУГ, група составена од членови на демократски избраната влада која беше соборена од армијата во 2021 година и со тоа започна граѓанската војна.

Контролна кула се урна на аеродромот во Најпитав, планираниот главен град на Мјанмар, изјави извор за Ројтерс.

Американскиот геолошки институт предвидува дека бројот на жртвите во Мјанмар би можел да надмине 10 илјади, додека економската штета би можела да биде поголема од годишниот БДП на земјата.

Сателитските снимки го откриваат степенот на уништувањето

Сателитските снимки го покажуваат обемот на уништувањето по страшниот земјотрес во Мјанмар.

Извор: Index.hr