Ова се случи само два пати за време на нејзиното владеење: Кралицата Елизабета пропушти важен настан

Британската кралица Елизабета синоќа соопшти дека е принудена да се повлече од денешното државно отворање на парламентот, првпат во последните 59 години, поради зголемените проблеми со движењето.

Принцот Чарлс сега за прв пат ќе го прочита нејзиниот говор, придружуван од принцот Вилијам, кој никогаш досега не присуствувал.

Престолот во Домот на лордовите симболично ќе остане празен, а кралицата (96) ќе ја следи церемонијата во Виндзор.

Државното отворање на парламентот е една од најважните јавни должности на монархот и вклучува читање на говорот на кралицата, во кој се презентира политиката на нејзината влада и предложените закони за новата парламентарна седница.

До вчера утрото, Бакингемската палата постојано повторуваше дека кралицата сè уште „се надева“ дека ќе присуствува, но таа го пропушти настанот само двапати за време на нејзиното владеење - во 1959 и 1963 година, кога беше бремена со принцот Ендру и кога беше бремена со принцот принцот Едвард - и говорот го прочита тогашниот лорд канцелар.

Иако се преземени чекори за да се намали потребата на кралицата да оди многу, Бакингемската палата синоќа по консултациите со лекарите објави дека кралицата „неволно“ се повлекува од денешниот настан.

„Кралицата сè уште има повремени проблеми со подвижноста и во консултација со своите лекари таа неволно одлучи да не присуствува на државното отворање на парламентот. На барање на нејзиното височество и со согласност на властите, принцот од Велс ќе го прочита говорот на кралицата во име на нејзиното височество од Кембриџ“, изјави портпаролот на кралицата.


Фото: Инстаграм - theroyalfamily