Ова се вистинските имиња на синовите на Лепа Брена: Не би погодиле

Лепа Брена повеќе од две децении е во брак со Боба Живојиновиќ, со кого има два сина - Стефан и Виктор.

Сепак, малкумина знаеја дека децата на Брена всушност не се викаат Стефан и Виктор, туку заради раѓањето во Америка, тие исто така имаа средни имиња. На документите се Стефан Емералд и Виктор Ернест.

- Тие имиња се напишани во нашите документи, но мислам дека нема потреба да се експонираат. Тие се чудни. Роден сум во Њујорк, а Виктор е во Мајами, и како и сите американски граѓани, го имаме тоа средно име - рече Стефан.