ОВА СИГУРНО БОЛЕЛО: Имате ли и вие ваков пријател кој „одлично“ лови риби?

Секоја година, искусните рибари знаат, има такви кои се појавуваат со најдобра, поточно најскапа можна опрема, облечени од глава до пети како штотуку да излегле од насловната страница на списанието „Лов и риболов“. Искусните рибари ги гледаат и слатко се смеат чекајќи го моментот кога ќе се случи некоја глупост. Има тука снимки на убави скапи јадици, целосно погрешни мамки ставени на погрешно место, а има и такви кои навистина не знаат ни како да замавнат со јадицата.

Ви го презентираме ова видео - смешен вовед во новата риболовна сезона!