Ова живее во нашето тело: Ужасни потстанари кои никогаш не би ги посакале

Потенцијалните носители на патогени и паразити можат да го нападнат и да го населат нашето тело кога јадеме ...
Со нив секогаш може да пристигне уште еден непоканет гостин кој може да не испрати директно во болница, додека целосните ефекти од нивната инвазија на нашиот организам може да потраат со години за да се откријат, а воопшто да не зборуваме за лекувањето.
Токму таков беше случајот со еден човек кој во доцните триесетти години почнал да доживува напади, без никаква претходна историја на болест, една ноќ се најде паднат на подот во транс. Тој брзо бил пренесен на лекување во локалната болница во Масачусетс, каде што било забележано дека бил примен во збунетост и постојано фиксирајќи го таванот со празен поглед. Подоцна, овој редок случај беше воведен во медицинските списанија и стана отворен за јавноста.
Мозочните скенери и крвните тестови на крајот ја потврдија дијагнозата, откривајќи дека сивата маса на овој човек станала дом на неколку лезии кои содржат црви. Оваа инфекција со тенија се нарекува цистицеркоза, со катастрофални ефекти врз телото кои можат да останат неидентификувани со месеци, години и, како во овој случај, со децении. Во трудот што го објавиле, лекарите констатирале дека инфекцијата започнала пред дваесетина години, па била откриена дури откако пациентот се појавил во болница. Во тоа време, човекот живеел со своите родители во Гватемала, каде инфекцијата со тенија е подеднакво присутна во урбаните и руралните делови на земјата.
За среќа, лекарите успеале да ги извадат од главата на овој човек несаканите гости, а тој сега е без ниту еден напад веќе три години. Тениите можат да се движат од човек на човек преку фекалните секрети и можат да бидат присутни во неварена храна, неисчистена риба и парчиња месо. Овие црви се хермафродити, што значи дека едно јајце може да создаде неверојатен број проблеми.
Иако најчесто се поврзани со дигестивниот систем, каде што ги знаеме и како тенија, понекогаш можат да мигрираат низ телото, запирајќи да кампуваат каде било, од нашиот црн дроб, преку нашите бели дробови, па се до нашите биолошки суперкомпјутери. Во оваа област, која исто така се смета за најлоша можна за нивно населување, инфекциите со тенија се одговорни за 30 до 70% од случаите на епилепсија.
Еден од главните симптоми на цистицеркозата е губење на тежината, додека одредени луѓе намерно пристапуваат кон „диета со тенија“ со голтање апчиња кои имаат живи јајца. Овие апчиња се забранети од сите светски организации, со бројни фалсификати кои се кријат на црниот пазар на интернет.
Извор: IFLS