Оваа жена тврди дека имала секс со дух 20 години! Кога го видела неговото лице се заледила на место: Беше голем и...

Една жена тврди дека имала средби со дух ноќе повеќе од 20 години

Ова не е приказна што ја слушате секој ден. Ова не е искуство кое пријател, сосед или колега ќе ви го каже на кафе - а и да се случи, нема лесно да им верувате на зборовите. Имено, една жена тврди дека повеќе од 20 години ноќе имала средби со дух „кој има заби и лице на гаргојл (Гаргојлите во Католичката црква се претставени како зли демони кои се наоѓаат надвор од црквата, како спротивност на светоста и безбедноста која е внатре. По дефиниција, гаргојл е фигура, вообичаено дизајнирана со одлив што ја носи водата накај дното на градбата, слично како олуците на модерните куќи). 

Паола Флорез од Колумбија рекла дека нејзината врска со овој дух започнала уште кога била млада, а тој ја посетувал секоја вечер додека спиела. Овие тврдења таа ги изнесе во емисијата „Без задшки“ која се емитува на државниот канал „Канал 1“.

Паола исто така тврдела дека тој секогаш го иницирал контактот и дека на крајот „се заљубила во харизматичниот дух“, уживајќи во 20-годишна страсна врска со него.

„Еден ден лежев кога почувствував како нечија рака се движи од моето стапало кон градите. Беше чудно, се исплашив", им рекла таа на гледачите на споменатата емисија и ги оставила целосно без зборови.

По првичната шокантна изјава, таа ја продолжи приказната за духот, а потоа призна дека тој почнал да доаѓа со цел да има интимна врска. Паола се сметала себеси за посветен партнер на нејзиниот духовен љубовник цели 20 години - додека еднаш не го видела неговото лице.

„Тој беше многу крупен човек. Но кога еднаш го видов, имаше остри заби и лице на гаргојл“, откри таа во продолжението на една многу необична исповед.

Откако го видела неговото застрашувачко лице, таа рекла дека повеќе не сака контакт со него бидејќи ја исплашил.

„Последниот пат кога го видов неговото лице, сфатив дека не можам повеќе да продолжам со него“, додала таа.

Психолозите за случајот: „Имаше искуство со инкубус“

Овој случај ги заинтересирал и експерти, кои потоа се огласиле на локалните медиуми.

Психологот Марко Монтеалегре изјави дека „случајот на Паола воопшто не е вообичаен“.

„Всушност, демонските случаи се исклучително ретки“, истакнал тој.

Сепак, парапсихологот Хиро Урбекс смета дека нејзината приказна е веродостојна, нагласувајќи дека најверојатно била поврзана со „инкубус“.

„Инкубусот е демонски ентитет, ентитет на долниот астрал. Тие се специјализирани да поседуваат луѓе и да се хранат со нивната енергија“, објасни тој, а пренесува „Дејли мејл“.

Луѓето реагираа поинаку, главно многу бурно и шокирано. Некои го доведоа во прашање нејзиното ментално здравје, додека други го искористија признанието за да се пошегуваат и да и го свртат вниманието на фактот дека тоа е всушност „соседот покриенсо чаршаф, со дупчиња исечени во очите“.


Фото: Википедија/ Youtube - screenshoot