ОВОЈ ЧОВЕК Е ИСТ НОВАК ЃОКОВИЌ, САМО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ПОСТАР: Можно ли е ова?! (ФОТО)
Новак Ѓоковиќ и Мајкл Енглер изгледаат неверојатно слично, а се уште не е познато дали некогаш се запознале.
Новак Ѓоковиќ е совршен доказ за тврдењето на некои научници дека секој од нас во светот има барем еден двојник.
Ова е двојникот на Новак Ѓоковиќ!
Ноле број два е наградуваниот режисер и продуцент Мајкл Енглер, кој стои зад популарниот филм „Downton Abbey“, а има работено и на бројни други проекти, пишува CdM.
Да ги споменеме само најзвучните - сериите „Сексот и градот“, „Шест стапки под земја“, „Мојот таканаречен живот“, „30 рок“, „Дедвуд“.
Ако му се случи да направи филмска приказна за „изгубени двојници“, еве одлична можност. Може да го ангажира и лично Новак, со оглед на тоа што тенисерот веќе се пробал како актер.
Веруваме дека многумина ќе си ги тријат очите за да се уверат дека ова не е оптичка илузија, но заклучокот е - имаат иста форма на глава, очи, насмевка, благонаклонет поглед... Сега барем знаеме како ќе изгледа Новак кога ќе се пензионира..
извор:stil.kurirфото:Profimedia