Овој човек заработува милиони, а не работи ништо: Нашол начин да си го обезбеди животот без да мрдне со прст - Еве како му успеа!

Еден човек од Јапонија, Шоџи Моримото, нашол работа од соништата која му дозволувала да заработува пари, но да не прави ништо.

Имено, тој ја опишува својата работа како време кога треба да молчи, да слуша, да вечера и евентуално да одговори на прашање, а колку и да звучи ова како нешто што никому не му треба, Шоџи заработува големи суми пари.

Имено, овој 37-годишник скока во тимовите на гејмерите кога им недостига еден играч, прави друштво на луѓе кои поднесуваат документи за развод или ги поздравува оние кои се преселиле во нов дом.


- Ги следам моите клиенти каде сакаат. Јас одговарам на нивните прашања, ги слушам, климам со главата кога е потребно. На почетокот ми беше непријатно, но со текот на времето се навикнав - изјави Моримото за „Vice“.

Маримото на почетокот бесплатно ги споделувал своите услуги, но потоа сфатил дека од тоа може да заработи многу, па почнал да ги наплаќа. За многу краток период стана популарен, а сега зема 80 евра по клиент, што е околу 5.000 денари.

Шоџи рекол дека една 36-годишна жена го вработила најмалку 10 пати, тој ѝ правел друштво кога одела на состаноци или во секс шоп, а таа му објаснила дека е фантастично друштво.

-Ме ислуша без осуда и без проблем доаѓа во секс шоп. Се чувствував како да имам поддршка додека тој беше со мене, а притоа не ми го наметнуваше своето мислење – откри оваа клиентка.


Фото: Твитер/unsplash