Овој доктор, сам се оперираше себеси на Антартикот: Стана вечен пример на решителност и човечка волја за живот

Рускиот лекар и хирург Леонид Рогозов е роден е на 14 март 1934 година.

Светски познат станал во 1961 година кога на 27 години на Антарктикот си направил операција, односно се оперирал себеси. Рогозов беше учесник на советската експедиција на Антарктикот - тим од 12 луѓе кои беа испратени да изградат нова база, а резултатот од нивната работа беше станицата Новолазарев, која веќе работеше до средината на февруари 1961 година. Но, до крајот на април животот на Рогозов бил во опасност, добил апендицитис. Никој не можеше да му помогне, бидејќи патувањето од Русија до Антарктикот траеше 36 дена со брод, а истиот брод требаше да се врати за нив за една година. Работата да биде уште полоша, од сите 12 луѓе во тимот, тој беше единствениот лекар. Така се оперирал и извадил значителен дел од воспаленото слепо црево.

На Рогозов не му преостана ништо друго освен операцијата да ја изврши на себе. Операцијата започна во 02:00 часот по локално време на првиот ден од мај со помош на возач и метеоролог, кои му обезбедиле инструменти за операцијата и држеле огледало за да може да види делови кои не се директно видливи, додека Рогозов бил во полулегната положба потпрен на левата страна од телото. По 30-40 минути Рогозов почнал да прави кратки паузи поради општа слабост и вртоглавица. На крајот, тој извадил значителен дел од воспаленото слепото црево, администрирал антибиотици во перитонеалната празнина и ја затворил раната. Целата операција траела еден час и 45 минути. За време на операцијата, тимот за поддршка направил неколку фотографии.

„Работев без ракавици. Беше тешко да се види. Огледалото помага, но и попречува, бидејќи ги покажува работите обратно. Работев главно на допир. Крварењето беше доста обилно, но се обидов да работам безбедно. Со отворањето на перитонеумот го повредив слепото црево и морав да го сошивам. Одеднаш ми падна на ум дека овде има повеќе повреди кои не сум ги забележал... Станував се послаб и послаб, во главата почна да ми се врти. На секои 4-5 минути морав да одморам 20-25 секунди. Конечно, тука е – проклетиот приврзок! Се ужаснав кога забележав темна точка на крајот од неа. ... Меѓутоа, во најлош момент отстранив делови. Мислев дека ќе заврши лошо, но потоа сфатив дека всушност веќе сум спасен“, изјави Леонид Рогозов.

Неговата само-операција предизвика големо внимание кај советската јавност во тоа време. Во 1961 година, лекарот Леонид Рогозов беше награден со Орден на Црвеното знаме за неговата работа. Само-операцијата на Рогозов останува вечен пример на решителност и човечка волја за живот. Во подоцнежните години, Рогозов ги отфрли сите глорифицирања на неговото дело. Најчесто со насмевка, со скромни зборови одговараше: „Тоа беше работа како и секоја друга, а мојот живот како секој друг“. Тој почина на 21 септември 2000 година на 66-годишна возраст од рак на белите дробови.