Овој господин официјално го има најдолгиот нос во светот: Само чекајте да го видите во профил (ФОТО)
Турчинот Мехмет Озјурек го има најголемиот нос на светот. Поточно Мехмет е жив човек со најголем нос на светот и како таков влезе во Гинисовата книга на рекорди.
71-годишникот од Турција го собори рекордот во 2010 година кога гостуваше во италијанско ТВ шоу наречено „Lo Show dei Record“ со цел неговите димензии да ги измерат професионалци.
Секако, не мора да значи дека ова е најголемиот нос на планетата, туку е најголемиот што е измерен и впишан во Гинисовата книга на рекорди.
Носот на Мехмет е долг неверојатни 8,8 сантиметри, а наскоро ќе следи ново мерење за да се утврди дали и колку пораснал во овие 11 години.
Бидејќи носот е еден од ретките делови на телото, заедно со ушите, кој продолжува да расте со возраста, многу е веројатно дека мерењето повеќе од една деценија подоцна ќе покаже дека Мехмет го соборил својот личен рекорд.
Сепак, Озјурек го нема најголемиот нос во историјата на човештвото.
Според извештаите, Томас Ведерс, попознат како Томас Ведхаус, го имал најголемиот нос досега. Циркузант од Јоркшир, кој живеел во 18 век, наводно имал нос долг дури 19 сантиметри.
Дали овој турски „Пинокио“ го собори рекордот и за колку, ќе дознаеме во догледно време, иако многу тешко ќе го надмине Томас.
извор:balkanspress.com