Овој православен свештеник има посвоено над 400 дечиња: Владиката Лонгин е татко и на децата со СИДА!
Игуменот на манастирот Лонгин од Банчени, со бебе, девојче без рака, кое го нашол напуштено во сиропиталиште бидејќи никој не ја сакал.
Епископот Лонгин Черновички, игумен на манастирот во Банченск, Украина, ги посвојува сите деца одбиени од нивните родители од 1990-тите.
Од речиси четиристотини деца кои благодарение на него имаа среќно детство и кои беа спасени од улицата, студот и светот на криминалот, четириесет беа заразени со ХИВ вирусот од раѓање, а околу стотина се родени со пречки во развој.
Бидејќи многу од нив поради различни околности морале да ги имаат имињата на нивните родители во документите, тој лично посвоил двесте педесет и три деца, а сите го нарекуваат „тато“. Оние кои завршиле училиште и факултет и создале свои семејства, сепак се враќаат во манастирот и им помагаат со нови браќа и сестри.
Човек Божји и жив светец на секој можен начин
Фото: Јутиб принтскрин