ОВОЈ СРБИН ЖИВЕЕ СО 2 ЖЕНИ: Кај сопругата ја донел бремената љубовница, таа направила ШОК потег, а сега нивниот живот фрапира
„Јас сум опозиција во куќата, а жените се власт“, нагласи Радиша Јовановиќ
Радиша Јовановиќ од селото Трудељ кај Горњи Милановац повеќе од 15 години живее со две жени под ист покрив и се смета себеси за најбогат човек на светот. Иако луѓето обично се шокираат кога ќе ја слушнат неговата приказна, Радиша истакнува дека е среќен и дека во неговиот дом владее хармонија, како и дека не го интересираат злонамерните коментари на соседите.
Сепак, клучниот потег го направи неговата сопруга Стојанка, која се омажи за овој домаќин пред речиси 25 години. Му подарила три сина и ќерка, но кога дознала дека сопругот ја изневерува, и дека со Ана чека дете, наместо да го остави, застанала во одбрана на нероденото дете. И не само тоа, таа дури и ја пречекала љубовницата во куќата, која родителите ја избркале откако дознале што направила.
- Стојанка е толку добра жена и таа е носител на се‘. Таа беше единствената што ме разбираше, дури и мајка ми долго време не се согласуваше со ова и гледаше површно, како што гледаа повеќето луѓе - изјави Радиша пред неколку години во емисијата „Нема да верувате“.
Поради целата ситуација, свештеникот со години ја заобиколува неговата куќа, соседите го озборуваат, а роднините го негираат. Но, изгледа дека на семејството Јовановиќ тоа воопшто не им е гајле!
-Јас сум најбогатиот човек на светот, дури имам две подобри половини и шест деца. Стојанка ми даде 3 сина и ќерка, а Ана две ќерки, па има ли нешто поубаво?! Имам шест соколи и горд сум на тоа. Знам дека многу луѓе мислат дека не сум нормален, но ние си ја гледаме нашата работа. Не ни е гајле што ќе каже некој, ние самите си го водиме животот и одлично си поминуваме! Не обрнуваме внимание на селските приказни, знаеме дека со години сме во центарот на вниманието и дека многу луѓе се‘ уште се прашуваат како живееме. Но, тоа е наша работа. Јас сум опозиција во куќата, а жените се власт - изјави тогаш Радиша.
Стојанка и Ана со текот на времето станаа големи пријатели и прават се‘ заедно. Иако, на почетокот не беше лесно...
- Не ми беше пријатно, но животот на детето е најважен - беше јасна Стојанка.
Ниту на Ана не ѝ било лесно кога бремена влегла во куќата на Радиша, знаејќи дека тој е женет.
- Не ми беше лесно, тој ден се скарав со родителите и дојдов овде со намера да не останам, но така испадна... Мислам дека Стојанка е добра жена. Таа готви, додека јас сум со стоката. Се‘ правиме заедно – изјави тогаш Ана во емисијата „Нема да верувате“ и додаде:
- Не е таа виновна што јас останав бремена од него, но таа е добра личност - признала таа.
Навраќајќи се на својот брачен живот, Радиша истакна дека ниту тој немало да ја обвини Стојанка доколку таа останела бремена со друг и родила дете под неговиот покрив.
- Можеби сега луѓето нема да веруваат, но важно е каде е родено детето. Нашиот народ вели важно е чии овци пасат, а не чија ливада е. Само децата да се живи и здрави. Би прифатил и туѓо дете ако Стојанка се породи тука - заклучи тој.
Шоуто се снимаше пред неколку години, па се надеваме дека во необичниот дом на Јовановиќ сѐ уште владее хармонија.
Фото и Видео: Фејсбук