Овој татко е прогласен за ХЕРОЈ заради она што го прави за да го донесе навреме својот син на училиште

Скоро секој постар жител на Балканот, сигурно ја слушнал барем еднаш од неговите родители познатата реченица: „Тешко ти е да станеш за на училиште, а во мое време одев дваесетина километри со снег до колена"

И додека таквата реченица предизвикува смеа кај некои, во некои земји ова сценарио е повеќе од вистинито.

На социјалните мрежи се појавија слики на ученик кој секој ден се соочува со сериозни пречки на патот кон училиште со цел да стигне на време на час.

На патот помеѓу неговиот дом и училиште, има река на која нема мост, поради што ова момче секој ден влегува во пластична кеса што татко му ја носи од брег до брег,  за детето да стигне на училиште суво и чисто.

Според локалните медиуми, тој внимателно го сместува момчето во вреќа, по што влегува во водата и трпеливо го остава на другиот брег. Истата постапка се повторува кога децата ќе се вратат од училиште.

извор:beograd.in